Туристите ја игнорирале јасната опомена само за да направат добра фотографија. А неколку секунди подоцна започнал хоророт...

Точка

14/09/2017

00:08

5.511

Големина на фонт

а а а

И покрај опомената да не го преминуваат висечкиот мост во кинеската провинција Хубеј, којшто е инаку затворен за јавноста, туристите сакале да забележат добри фотографии и да стигнат до своето одредиште токму минувајќи по тој пат. И токму тогаш настанал комплетен хаос...

Висечкиот мост во еден момент попуштил и туристите започнале да паѓаат во реката под него.

За среќа, мостот не бил поставен на високо, но сепак биле повредени 15 лица во овој инцидент, додека едно лице е во потешка состојба, но сепак вон животна опасност.

Мостот инаку го направила локалната хидроцентрала од коноп и даски и пред да биде забранет за потреба, со него се служеле само работниците во електраната за да дојдат до одредени постројки, пишува Daily Mail.



Спонзорирани линкови

Маркетинг