Ердоган најави голема модернизација на армијата

Макфакс

13/09/2017

22:40

329

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот изјави дека „ќе стори што е потребно за да ја одржи земјата жива“.

„Ќе го сториме тоа со вооружени дронови, тенкови и топови“, изјавил Ердоган, цитиран од „Хуријет“.

Во соопштението, исто така, се наведува дека турските вооружени сили ќе бидат „опремени со сето потребно оружје“.

Претходно, Анкара најави дека ќе купи систем за воздушна одбрана С-400 од Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг