СДСМ ја објави коалицијата за локалните избори

Макфакс

13/09/2017

22:36

540

Големина на фонт

а а а

СДСМ ја објави вечерва коалицијата од 22 политички партии кои заеднички ќе настапат на следните локални избори. Според премиерот Зоран Заев, коалицијата е отворена и за прием на други партии, а мотив била пораката на граѓаните дека не сакаат поделби, туку заедништво.

Во коалицијата, објави Заев, има и леви, и десни, и партии од центарот, а нивниот број е поголем од тој со кој СДСМ настапи како коалиција на парламентарните избори. Меѓу партиите во коалицијата што ќе настапи под мотото „Живот во Македонија за сите“ се ЛДП, ЛП, Социјалдемократската унија, Нова социјалдемократска партија, Демократскиот сојуз на Власите, Нова алтернатива, Српската напредна партија, Достоинство, Алијанса за позитивна Македонија, ДОМ, Српска партија во Македонија и други партии на Ромите и на пензионерите. На заедничката прес-конференција можеа да се видат Љубе Бошковски, Павле Трајанов и Лилјана Поповска.

Премиерот Заев порача дека е сменета политичката клима во земјата, дека граѓаните имаат шанса да учествуваат и го прават тоа. „Уверен сум дека ќе има промени и на локално ниво“, изјави Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг