Уапсен директорот на најголемата компанија за месо во светот

Макфакс

13/09/2017

22:32

3.654

Големина на фонт

а а а

Бразилската полиција го уапси извршниот директор на најголемата компанија во светот за преработка на месо ЈБС, осомничен за давање поткуп и за инсајдерско тргување за профит од зделка склучена претходно оваа година.

Извршниот директор на ЈБС, Весли Батиста, и неговиот брат Жоесли, поранешен шеф на компанијата, во мај склучиле договор со Обвинителството, во рамките на кое посведочиле дека оваа компанија платила поткуп на десетици политичари вклучувајќи го и претседателот Мишел Темер. Претседателот ги отфрли таквите тврдења.

Весли беше приведен во Сао Пауло, а освен за поткуп, се товари и за инсајдерско тргување со акции на компанијата и невообичаено купување долари, кои ѝ донеле огромен профит на компанијата.

Налог за притвор е издаден и за Жоесли иако тој е во истражен затвор од неделата кога самиот се предаде по објавувањето дека наводно скрил информации за време на давањето исказ при постигнувањето договор со Обвинителството.



Спонозорирани линкови

Маркетинг