Тројца загинати во самоубиствен напад во Кабул

Макфакс

13/09/2017

22:31

51

Големина на фонт

а а а

Најмалку три лица загинаа, меѓу кои и еден полицаец, а петмина се повредени, при самоубиствен бомбашки напад пред стадион за крикет во авганистанскиот главен град Кабул.

Нападот бил извршен за време на натпревар. Бомбашот самоубиец имал намера да влезе на стадионот, но бил запрен од полицијата поради контрола и го активирал експлозивот пред влезот. На тој начин била избегната поголема трагедија.

Агенцијата „Амак“, која е поврзана со групата Исламска држава, соопшти дека денеска во Кабул бил извршен напад против припадниците на авганистанските безбедносни сили.



Спонозорирани линкови

Маркетинг