СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

13/09/2017

22:30

181

Големина на фонт

а а а

Телевизијата „Телма“ во својата емисија „Топ-тема“ ја објави последната анкета која покажува дека во пресрет на локалните избори СДСМ води со три отсто пред ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата ја направи Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Промената на односот меѓу двете најголеми партии е уште повидлива кај рејтингот на лидерите на двете водечки партите, односно на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, наспрема рејтингот на Никола Груевски.

Првпат Никола Груевски како лидер има понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ како партија. Дури 58,9 отсто од испитаните граѓани се задоволни од работата на новата Влада.

На прашањето во која област најмногу сработила Владата во првите 100 дена, 38,5 отсто рекле дека тоа била надворешната политика, 7,4 отсто се изјасниле за социјалната заштита, за 3,2 отсто тоа бил економскиот развој, 20 отсто се определиле за некоја друга област (здравство, правосудство, странски и домашни инвестиции и земјоделство), а 19 отсто рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.



Спонозорирани линкови

Маркетинг