Џенифер Лопез е новото лице на насловната страна на магазинот HOLA!USA каде зборува за новите поглавја во животот

Точка

13/09/2017

19:22

1.328

Големина на фонт

а а а

Џеифер Лопез го живее животот во секоја смисла на зборот!

48 - годишната пејачка се најде на насловната страна за Октомври/Ноември на магазинот HOLA!USA и откри детали за нејзината куќа во Хемптон која таа ја нарекува куќа од соништата.  


"Оваа куќа има големо значење за мене. За прв пат во животот јас сум на многу добро место", вели Џенифер за магазинот. Таа е мајка на близнаците Макс и Ема, домаќин е на спектакуларните концерти во Лас Вегас, има главна улога во серијата Shades of BLue, во меѓувреме спрема нов албум и открива детали за врската со Алекс Родригез. 


Џенифер е моментално зафатена со подготвување на шпанскиот албум Por Primera Vez - За прв пат. "Се работи за тоа како секогаш се повеќе се запознаваме самите себе си и за новите искуства во животот без разлика колку години имаме. Секогаш можеме да имаме нов почеток," објаснува Џеј Ло. Смета дека сите треба да целиме кон подобра верзија од нас, што е исто така многу важно во животот.  


"Без разлика дали пеам или глумам, секогаш се запрашувам: "Дали го направив тоа подобро од претходниот пат? Дали пораснав? Дали одам напред во животот? Никој не сака да прави исти работи одново и одново." 

Албумот е всушност новата Џенифер. Открива дека и покрај тоа што ќе има и побавни песни, ќе има и некои побрзи. "Тоа што ми се допаѓа е дека музиката е среќна. Се чувствува среќата и забавата. Има три или четири балади." 


Вели дека минатото треба да се остави зад нас и да учиме од него. "Што е за тебе е за тебе и се што всушност треба да направиш е да го пуштиш да замине. Не треба да се борите со тоа, треба да научите од вашето минато."



Спонозорирани линкови

Маркетинг