Фустанот којшто ја “покори” Венеција: Од оваа Италијанка запира здивот...

Точка

13/09/2017

18:37

4.012

Големина на фонт

а а а

Таа од модата успеа да направи милионски бизнис. Италијанската блогерка Chiara Ferragni е една од највлијателните во Италија, а со своето последно појaвување на Фестивалот во Венеција, таа успеа да ги маѓепса буквално сите.

Нејзиниот драматичен, бел фустан, шиен токму по мерка за неа, очигледно бил полн погодок за нејзиното појавување на филмскиот фестивал.

Потписот на ова дело е на дизајнерот Лоренцо Серафини, а се работи за фустан којшто неодоливо многу потсетува на венчален фустан, пришто најголемо внимание привлекува од задната страна поради долгата “опашка”.

Освен тоа, таа направила и волшебни фотографии за својот Instagram профил. Бројните обожаватели пак веднаш помислиле дека токму овој изглед ќе биде нејзин избор за венчавката со италијанскиот рапер Федез, којшто ја запроси пред неколку месеци на нејзиниот 30-ти роденден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг