Марота ги расчисти сите нејаснотии за врската меѓу Јувентус и Иниеста

Дерби

13/09/2017

20:30

670

Големина на фонт

а а а

Андрес Иниеста одигра во феномеално светло на синоќешниот дерби меч против Јувентус во Лигата на шампионите, а шпекулациите по крајот на мечот посебно беа поврзани со искусниот играч за врска поради тоа што веќе извесно време се поврзува со трансфер во Торино со оглед на тоа што се уште нема пронајдено заеднички јазик со управата на Барселона за продолжување на договорот.

Во друштво на Меси, Иниеста е фудбалерот со најголем стаж во Барселона и сосема оправдано тој е задолжен за носење на капитенската лента, но бидејќи претходно во неколку наврати одби да потврди дека има постигнато било каков договор со клубот, остави простор за многу шпекулации поврзани за негово заминување.

Поради тоа што како главен кандидат за негов потпис се издвои Јувентус, спортскиот директор Бепе Марота доби прашање на оваа тема по крајот на мечот, а тој сосема смирено и без двоумење истакнал дека Иниеста нема шанси да пристигне во Торино.

– Иниеста е голем шампион, голем играч, но тој е симбол за Барселона. Тој сигурно ќе го продолжи договорот со Барса. Иниеста и сега е многу важен член на тимот, па мислам дека со управата на крајот ќе го постигнат тоа што посакуваат, – истакнал Марота за „Ла Секста“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг