Таа објавила две фотографии со коишто предизвикала вистинска лавина: Зошто нејзиниот потег бил толку погрешен?

Точка

13/09/2017

18:22

4.005

Големина на фонт

а а а

Instagram блогерката Луси Маунтајн сподели фотографија со опуштено стомаче, веднаш до иста таква фотографија на којашто нејзиното стомаче е вовлечено. Нејзините следбеници пак ја обвинија дека со тоа таа всушност ги демотивира.

Со тоа таа пак единствено само сакала да покаже дека едно сосема исто тело, во ист момент, може да изгледа сосема различно.

- Моите намери беа позитивни и добри (корегирајтеме ако грешам), јас сум свесна дека моето тело всушност и не се разликува премногу на двете фотографии, изјавила Луси.


Нејзините следбеници пак мислеле дека тоа не е во ред кон оние коишто имаат проблем со телесната тежина, за таа да објавува вакви фотографии.

- Изгледа дека слабите девојки станаа Instagram проблем. Зарем не е главната цел да ги прифатиме сите тела, па дури и оние коишто се слаби? – запрашала блогерката.


Иако слабото тело е нешто што е медиумски привлечно, тоа не значи дека личностите коишто се слаби имаат и самодоверба. А, еден од нејзините следбеници којшто и ја сфатил нејзината цел искоментирал:

- Токму ова барем мене ме мотивираше, бидејќи видов дека една слаба девојка како тебе сепак и понатаму може да има стомаче, и дека тоа е сосема нормално.


Пораката на Луси е дека секоја жена треба да биде горда на телото коешто го поседува, без разлика дали се работи за тело со облини, згодно, малку пополничко или пак слабо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг