Во Москва евакуирани над 10.000 луѓе поради дојава за бомбашки напади

Макфакс

13/09/2017

17:59

67

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 10.000 луѓе беа евакуирани од трговски центри, железнички станици и универзитети во Москва следејќи речиси истовремени предупредувања за поставени експлозиви во градот, пренесува „Раша тудеј“.

„Дваесет локации се евакуирани и повеќе од 10.000 луѓе се извадени надвор“, соопштија службите за итни акции, пренесе агенцијата ТАС.

„Се работи за случај на телефонски тероризам, ние мора да ја провериме веродостојноста на пораките“, соопштил извор на истрагта, кој оценил дека повиците започнале во исто време и продолжиле кога почнала евакуацијата.


Меѓу локациите што се евакуирани се три од најголемите железнички станици во Москва, повеќе од десетина трговски центри и најмалку еден универзитет.

Во тек е истрага дали повиците се лажни или сепак постои опасност за терористички напад, додава „Раша тудеј“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг