Славната блогерка открива од каде има толку многу пари за сите нејзини патувања: И таа со сигурност ќе ве изненади!

Точка

13/09/2017

17:43

13.366

Големина на фонт

а а а

Кога ќе ги погледнете нејзините фотографии на друштвената мрежа Instagram, ќе бидете воодушевени од местата коишто таа успеала досега да ги посети. А потоа веројатно и ќе се запрашате – од каде оваа млада девојка има толку многу пари за сето тоа?!

Таа пак конечно ја открила својата тајна и верувајте ни, таа не е ниту најмалку пријатна.

Бриди Вилкинс пишува за еден моден магазин, има 23 години и обожува да патува ширум светот. Каде и да патува, таа ги избира исклучиво само најлуксузните хотели, какви што ретко кој, па дури и двојно повозрасен човек од неа, веројатно не би можел да си ги дозволи. Сепак, таа за сето тоа плаќа самостојно и чесно, иако првично веројатно помисливте нешто сосема поинакво...

Всушност, Бриди во својот роден град Лондон буквално се изгладнува. Превоз пак не употребува воопшто и секаде оди пешки. А неделно, со сите сметки и сите животни трошоци, таа троши само 100 фунти, што е апсолутно малку за живот во град каков што е Лондон.


Значи, тајната којашто на оваа блогерка и' овозможува за во странство да живее "како кралица" се состои во само еден збор – максимално штедење.

- Кога сакаш нешто премногу, како што јас ги сакам патувањата, тогаш одрекувањата не се воопшто тешки. Патувањата комплетно го променија мојот живот. Обожувам да запознавам нови делови на светот, а поради сето тоа веќе се чувствувам како комплетна личност со изградена самодоверба. Имам само 23 години, а на своите патувања одам сосема сама, дури понекогаш и по неколку недели, вели Бриди.


Таа инаку, досега ја посетила речиси цела Европа, Бали и Малдиви, а секојпат се сместува исклучиво само во најлуксузни хотели.

И секако, таа доста заштедува и поради фактот дека доста време однапред го резервира сместувањето и патот.


Но Бриди вели дека за неа друштвениот живот речиси и да не постои, а за сето тоа е “виновно” нејзиното екстремно штедење. Нејзиното семејство мисли дека таа не е нормално, но таа пак смета дека сето тоа е исплатливо и со тоа сака да ги инспира и останатите за да започнат и тие со нешто слично на тоа што го прави таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг