Одбројувањето започна: Lamborghini Urus пристига на 4-ти декември

Точка

13/09/2017

17:38

563

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот производител објави краток видео запис во којшто не' потсетува на сите свои достигнувања од минатото, најавувајќи ни уште еден револуционерен модел за иднината – SUV моделот Urus.

Долгоочекуваниот Lamborghini Urus ќе биде официјално претставен на 4-ти декември оваа година, точно 24 години откако беше прекинато производството на првиот теренски модел под логото на оваа компанија, моделот LM002.

Производителот во видео записот не' потсетува на сите ѕвездени моменти од историјата на Lamborghini, ставајќи го акцентот на сонот на основачот – Феручи Ламборгини – којшто сакал да направи совршен суперспортски автомобил – од кога и започнало се’.

Во низата автомобили под логото на Lamborghini се нижеле единствено само успешни модели, како што е на пример авангардната Miura, а не е заборавен ниту првиот обид за Lamborghini на пазарот да пласира еден SUV автомобил.

А откако кон почетокот на месец декември Urus ќе и' биде претставен на јавноста, Lamborghini ќе ја продолжи низата на луксузните авто-брендови, коишто и покрај традицијата, одлучиле на купувачите да им понудат кросовер/SUV автомобил, како што се Porsche, Bentley, Maserati или Jaguar, додека слични модели веќе ни најавија и Rolls-Royce, Aston Martin, па дури и Ferrari.



Спонзорирани линкови

Маркетинг