Пародијата на iPhone X го насмеа светот: Емоџи машина од 1.000 долари!

Точка

13/09/2017

17:33

2.818

Големина на фонт

а а а

Новите паметни телефони на Apple конечно му беа претставени на светот, па и светот може конечно да земе оддишка, барем уште една година.

Покрај Apple iPhone 8 и 8 Plus, претставен е и досега најскапиот модел под логото на Apple, iPhone X, за којшто може да кажеме дека ја претставува иднината на паметните телефони.

И секако, не изостанаа ниту пародиите, а можеби најдобрата е токму онаа којашто се однесува на унапредените емотикони коишто ги следат мимиките на лицето – наречена уште и “емоџи машина од илјада долари”.

- Како би го одржале духот на Стив Џобс помеѓу живите, Apple гордо ја претставува кулминацијата на неговата визија – емоџи машина од илјада долари, ни говори гласот на нараторот.

Инаку, iPhone X ќе чини 999 долари, и ќе биде достапен од 3-ти ноември.

А сега, погледнете ја оваа одлична пародија:



Спонзорирани линкови

Маркетинг