MI6 имал три плана за убиство на Милошевиќ: Поранешниот агент тврди дека третата верзија е искористена за ликвидација на принцезата Дајана

Точка

13/09/2017

17:38

3.762

Големина на фонт

а а а

Според пишувањето на "Daily Telegraph", постоеле три плана за убиство на поранешниот претседател.

Некогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, планирала да го убие британската разузнавачка служба MI6, тврди нејзиниот поранешен агент, 80-годишниот Ричард Томлинсон, во документарецот "Валкана Игра", кој повторно се споменува во медиумите. 

Томлинсон своите тврдења пред Високиот суд во Лондон ги изнел уште во 2008. година, за што пишувале сите британски медиуми. 

 

Според неговите зборови, МИ6 планирала да изврши атентат на Милошевиќ од 1993. година, така што тоа ќе изгледа како сообраќајна несреќа во тунел. Според пишувањето на Daily Telegraph, постоеле три планови за убиство на поранешниот претседател. 

Во првиот план требало да бидат вклучени српски паравоени единици, а втората верзија на ликвидацијата требало да ја изврши мала инфилтрирана група британски специјалци од редовите на САС. Според третиот план, атентаторите со блескав рефлектор го заслепуваат возачот на автомобилот во кој се наоѓа Милошевиќ, и тоа во тунел во Женева, каде претседателот на СРЈ требало да присуствува на мировни преговори. 


Поранешниот британски агент тврди дека тие сознанија ги дознал преку висок офицер на MI6, кој му го покажал планот, а кој го означил како "лице А". Лицето А рекло дека смрт во тунелот би значело помалку сведоци и поголема шанса за Милошевиќ да загине. 

Подоцна се појавиле и шпекулации дека британската служба наводно сакала да го примени истиот план за ликвидација и на принцезата Дајана, а гласините дека службата ја убила принцезата повторно се актуелизирале по неодамнешната изјава на пензионираниот разузнавач Џон Хопкинс, кој тврди дека лично учествувал во атентатот на прицензата од Велс. 


Хопкинс тврди дека британската служба за атентатот на Дајана го искористила "планот 3", кога го заслепела возачот на автомобилот во кој се наоѓала принцезата. Очевидците на несреќата во тунелот во Париз, во која настрадала прицезата, тврдат дека пред несреќата виделе заслепувачко светло. 

"Тоа е само една во низата страшни случајности меѓу планот за атентат на Милошевиќ и смртта на Лејди Ди", рекол Томлинсон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг