Дачиќ: Без Западен Балкан, ЕУ неможе да гарантира мир и стабилност во Европа

Макфакс

13/09/2017

16:22

74

Големина на фонт

а а а

Постои тесна врска меѓу проширувањето на Европската унија и зачувувањето на безбедноста, рече шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, оценувајќи дека политиката за проширување е пресудна за создавање на „поотпорни региони“.

Според Дачиќ, без регионот од Западен Балкан, ЕУ не може да го гарантира мирот и стабилноста на континетот, поради што тој дел на Европа мора да биде дел од европскиот процес.

„Доколку некој мисли дека сите проблеми на Балканот се решени, тој е во длабока заблуда, нагласи шефот на српската дипломатија, додајваќи дека кога „големите се борат, настрадува тревата“.

Дачиќ потенцираше, дека Србија мора да ги заштити своите државни и национални интереси, што не значи дека нема право на правда, како и сите народи од поранешна Југославија.

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи констатираше дека Унијата денес се соочува со криза на идентитетот. ЕУ треба да „има на ум“ дека е создадена како мировен проект и проект на интеграција, порала тој.

„Верувам дека ЕУ може да продолжи да биде успешен пример за другите бидејќи со особено внимание ги следиме сите иницијативи што се покренуваат во рамките на реформскиот процес на Унијата“, објасни Дачиќ.



Спонозорирани линкови

Маркетинг