Асот во ракавот на Ким: Северна Кореја лежи на богатство од 10 милијарди долари, еве за што станува збор

Точка

13/09/2017

16:26

13.501

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја можеби нема докажани резерви на нафта, но лежи на резерви на повеќе од 200 минерални руди, чија вредност е проценета на до 10 милијарди долари, или 10 билиони долари.

Не постојат официјални податоци за тоа колку навистина вреди севернокорејското рудно богатство, но според грубите проценки од почетокот на оваа деценија, сеернокорејските резерви на јаглен, железо, цинк, бакар, злато, сребро и многу други метали, вредат меѓу 6.000 и 10 милијарди долари. 

Пред распадот на СССР, официјален Пјонгјанг на големо бил посветен на рударските активности и трговијата со соседните комунистички партнери. 


Меѓутоа, рударската индустрија на почетокот на 90-тите години од минатиот век доживеала колапс, поради децении занемарување и недостиг на средства за развој на инфраструктурата која би ги поддржала рударските активности. 

Севернокорејскиот рударски сектор сега е под целосна забрана на ОН, бидејќи Пјонгјанг минатите месеци го зголемил бројот на нуклеарни проби и ја појачал воинствената реторика. 


ОН мината година почнале да му забрануваат на Пјонгјанг трговија со метали, наведува RT, потсетувајќи дека само од трговија со јаглен, Северна Кореја годишно генерира приходи од преку милијарда долари. 

Целта на санкциите е, да се сопре севернокорејската трговија со руда и режимот на Ким Јонг Ун да остане без потребните средства.




Спонозорирани линкови

Маркетинг