За Лауда, Ферари се фаворити во Сингапур

КРУГ.МК

13/09/2017

15:30

214

Големина на фонт

а а а

Неизвршниот Претседател на Мерцедес, Ники Лауда, смета дека Скудерија Ферари се фаворити за победа претсојниов викенд во Сингапур.

Двете последователни победи на Луис во Белгија и Италија му го донесоа водството во генералниот пласман кај возачите.

Иако пакетот на Мерцедес во последно време станува се подобар, Лауда смета дека италијанците се фаворити на Марина Беј.

„Победивме во Монца и тоа беше голем удар за Ферари затоа што тоа е важен настан за нив. Но, во Сингапур Фетел можеби ќе ги промени работите повторно.

Многу пати Ферари беа побрзи од нас. Во Спа Фетел беше премногу блиску, можеби во Монца малку подалеку, но по мене тоа се должеше на грешките на Ферари во сетирањето на болидот.

Тие се фаворити во Сингапур, но од друга страна тешко е да се предвиди кој ќе победи. Се надевам дека тоа ќе биде Хамилтон“, појасни Лауда за италијанска Corriere dello Sport.

Поранешниот трикратен шампион, дел од својата кариера мина и во Маранело кај Ферари.

„Моето срце е со Ферари, но мојата глава е со Мерцедес и немам проблем со тоа. Фетел е број 1 возач во моментов затоа што вози со страст за Ферари и не смее никогаш да се отпише“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг