Курц: Да за Западен Балкан, не за Турција

Макфакс

13/09/2017

15:23

125

Големина на фонт

а а а

По повод говорот на претседателот на ЕК, шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, предупреди дека ЕУ не смее да дозволи да продолжи вакуумот на Западниот Балкан.

Курц во соопштение истакна дека во непосредното соседство на ЕУ, Западниот Балкан е изложен на закани од радикализација и илегална миграција. Стабилноста и безбедноста може да бидат постигнати само со веродостојна европска перспектива. ЕУ не смее да дозволи никаков вакуум на Балканот, кој би можел да го исполни некој друг играч, предупреди Курц.

За разлика од Балканот, Курц смета дека Турција неможе да има никаква перспектива за членство во ЕУ, поради тамошниот развој на настаните. „Пристапните преговори мораат да бидат сопрени, а финансиската претпристапна помош запрена“ нагласи Курц.

Целта на Унијата, според австрискиот шеф на дипломатијата, мора да биде мир, слобода и благосостојба, како што беше и во минатото.



Спонозорирани линкови

Маркетинг