Светска премиера: Моќен караван на Ауди со 450 коњски сили

Точка

13/09/2017

17:09

665

Големина на фонт

а а а

Ауди на актуелниот саем за автомбили во Франкфурт го претстави новиот моќен караван - RS4 Avant.

Најмоќниот автомобил од семејството на новото Ауди А4/А5 под хаубата има 2,9 литарски TFSI bi-turbo V6 мотор кој што има моќ од 450 коњски сили и максимален обртен момент од 600 Nm.

Силата стандардно се пренесува на сите четири тркала преку Quattro системот на Ауди и модифицираниот осумстепенски автоматски менувач. Од 0 до 100 километри на час новиот RS4 Avant развива за само 4,1 секунда, а максималната брзина електронски е ограничена на 250 километри на час. Секако, со опционалниот RS Dynamic пакет, брзината се зголемува на 280 километри на час.


Само за споредба, најбрзиот караван на Ауди е побрз за 0,1 секунда во однос на неговиот конкурент Mercedes-AMG C63 Estate кој што е опремен со bi-turbo V8 агрегат и седумбрзински автоматски менувач.

Според фабричките проценки, новиот RS4 Avant е полесен за 80 килограми во однос на својот претходник (масата изнесува 1,790 килограми), просечно троши 8,8 литри на 100 километри и емитува 199 грама CO2 на километар.


Ауди веќе започна да прима нарачки за новиот RS4 Avant, а најевтината верзија на овој моќен караван на пазарот во Германија изнесува 79,800 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг