Решавање на проблемот по брза постапка: После низата на инциденти, Италија забрани употреба на фашистички и нацистички симболи

Точка

13/09/2017

16:10

611

Големина на фонт

а а а

Претставничкиот дом на италијанскиот парламент доцна синоќа го прифати законот со кој што се забранува јавно прикажување на фашистички и нацистички симболи, после низата на инциденти во земјата.

Законот предвидува изречување на затворска казна од шест месеци до три години за фашистички или нацистички салутирања и поздрави, продавање на сувенири со фашистички и нацистички симболи, или пак ширење на таква пропаганда на интернет.

За да стапи на сила овој закон, сега потребна е потврда уште од Сенатот. Законот во Долниот дом беше усвоен после низата на инциденти ширум Италија поврзани со нацизмот и фашизмот.


Во една слаткарница во јужна Италија се продавал „Колач на Хитлер“ кој што се рекламирал на излозите, додека пак неонацистичката партија Форца Нуова во меѓувреме се подготвува за прослава на 95-годишнината на Маршот на Рим на фашистите на диктаторот Бенито Мусолини.

Автор на законот е Емануеле Фиано, пратеник на владеачката Демократска партија која што смета дека Италија, по примерот на Германија, треба да заземе построг став кон порастот на фашистичката и нацистичката носталгија.

Фиано во интервјуто за "Radio24" изјавил дека постоела италијанска страница на Фејсбук која што по реакцијата на италијанските власти била блокирана, на која што се објавувале антисемитски говори на нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс, а таа страница имала 45 илјади следбеници.


Десничарските партии, вклучувајќи ја и партијата Форца Италија на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се противела на законот со образложение дека таквиот закон ја ограничува слободата на говорот.

Популистичкото движење Пет Ѕвезди исто така било против овој закон, наведувајќи дека би било подобро да се воведат заострувања во постоечките закони против говорот на омраза во Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг