Откриена е нова и многу опасна ранливост кај Андроид

Точка

13/09/2017

15:30

933

Големина на фонт

а а а

Жестока битка се води меѓу хакерите ширум светот и инжинерите на Google кои што се обидуваат да ја одбранат број еден метата на хакерите - Андроид оперативниот систем.

Колку и да има надградби на оперативниот систем на Google, сепак барем во овој момент не е возможно да се отстранат сите опасности по Андроид и било кој друг оперативен систем во светот.

Последниот во низата на напади бил откриен од инжинерите од Palo Alto Networks и нападот го нарекле Cloak and Dagger.

Станува збор за уште една во низата на методи на напад кои што се темелат на таканаречените методи Android Toast Overlay, односно пропустите во самиот оперативен систем. Наједноставно објаснето, со таквиот напад хакерите можат да замаскираат одредена апликација со која што доаѓаат до "root" правата на уредот, а додека вие додека работите на вашиот телефон, всушност им отворате пристап на хакерите.


Како што предупредуваат од Palo Alto Networks, помош во вакви случаеви кога е погоден Андроид оперативниот систем засега нема, а најдобра заштита на вашиот телефон е само превенцијата.

Сепак, и тука има проблем со оглед на тоа што кога е во прашање превенцијата, Андроид има голем проблем, затоа што надградбите не ги дистрибуира рамномерно, туку автоматски надградби на оперативниот систем добиваат само корисниците на Nexus и Pixel паметните телефони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг