Експертите после големите анализирања потврдија: Нуклеарната бомба на Северна Кореја е 16 пати помоќна од бомбата што експлодираше во Хирошима

Точка

13/09/2017

14:32

1.961

Големина на фонт

а а а

Севернокорејското нуклеарно тестирање изведено на 3-ти септември ослободило сила од 250 килотони што е 16 пати повеќе од бомбата која што беше детонирана над Хирошима, соопштија американски експерти после долгите анализи.

Од Пјонгјанг потврдија дека бомбата која што беше тестирана пред десетина дена е хидрогенска бомба, доволно мала за да може да се инсталира на балистичка ракета. Шестото нуклеарно тестирање на Северна Кореја придонесе во Советот за безбедност при Обединетите нации да бидат изгласани нови санкции против Северна Кореја.

Американскиот геолошки институт "USGS" притоа забележал потрес со јачина од 6,3 степени по Рихтерова скала. Организацијата за договор за комплетна забрана на нуклеарни тестирања и норвешката агенција "Norsar" претходно потврдија дека станувало збор за потрес со јачина од 6,1 степен.


Поради тоа, специјализираната страница 38 North на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, објави дека јачината на хидрогенската бомба која што беше тестирана на 3-ти септември во Северна Кореја се проценува на 250 килотони.

Доколку би експлодирала оваа бомба во идеални услови како што експлодираше атомската бомба во Хирошима кон крајот на Втората светска војна, хидрогенската бомба на Северна Кореја би била 16 пати помоќна.


Службените проценки на експлозијата на 3-ти септември многу варираа. Јужнокорејците проценија дека станува збор за бомба со моќ од 50 килотони, додека Јапонците проценија дека хидрогенската бомба на Ким Јонг Ун поседува моќ од 160 килотони. Од друга страна, 38 North претходно процени дека станува збор за моќ од 100 килотони, за сега да ја поправи својата проценка.



Спонозорирани линкови

Маркетинг