Колкава е платата на Перо Антиќ во ,,Црвена Звезда”: Македонецот е втор најплатен играч во клубот

Дерби

13/09/2017

13:16

1.222

Големина на фонт

а а а

Перо Антиќ, првиот Mакедонец кој заиграл во НБА, повторно се врати во старото јато кај нашиот северен сосед и ќе игра во редовите на Црвена звезда. Веста, веднаш беше потврдена на сајтот на клубот откако Антиќ потпиша едногодишен договор, со што ја официјализираа заедничката соработка.

Но, за кратко време, некој успеа да и ги сервира платите на јавноста на кошаркарите на ,,Црвена Звезда”. Интересно е што поранешниот крилен центар на Фенербахче и поранешен македонски репрезентативец, Перо Антиќ е втор на листата со заработка кај ,,црвено-белите” со 400 илјади евра, додека малку повеќе од него, на првото место со 450 илјади евра е Тејлор Рочести.

Кошаркари според заработка:

Тејлор Рочести 450.000

Перо Антиќ 400.000

Џејмс Фелдин 350.000

Бранко Лазиќ 300.000

Милко Бјелица 300.000

Никола Јовановиќ 210.000

Стефан Јанковиќ 210.000

Матијас Лесор 200.000

Немања Дангубиќ 200.000

Никола Радичевиќ 150.000 евра

Марко Кешељ 150.000

Огњен Добриќ 100.000.



Спонзорирани линкови

Маркетинг