Шпанија горда на По Гасол: Тој ја започна шампионската ера и ја потврдува од натпревар во натпревар

Дерби

13/09/2017

11:55

145

Големина на фонт

а а а

„Црвената фурија“ успеа да ја совлада Германија со 84:72 во натпревар кој беше израмнет во првиот дел (33:34), но во третиот и четвртиот период фаворитот го оправда приматот и Шпанија рутински се одлепи и без проблеми до крајот, го потврди триумфот против Германија.

Предводник кај Шпанците беше Марк Гасол кој заврши со дабл-дабл ефект (28 поени, 10 скокови, и четири асистенции) додека неговиот брат Пау Гасол реализира 19 коша.

Интересно е што По Гасол е играчот што ја започна шампионската ера на Шпанија со неговите предводнички игри со кои на секој натпревар постигнуваше приближно околу 20 поени или нешто повеќе од 20 поени и успеа на Шпанија да и донесе 3 златни медалји 2009, 2011 и 2015 година. Тој од натпревар во натпревар го подобрува својот учинок со кој успеа да избие на првото место на листата на стрелци на Европските првенства.

Тој уште на натпреварот против Унгарија успеа да го помине Тони Паркер од Франција и Дирк Новицки од Германија. За Гасол остануваат најмалку уште два натпревари со што во иднина, ќе биде тешко да се стигне неговиот учинок на Европските натпревари со оглед на тоа што во иднина европските првенства ќе се одржуваат на четири години, овие постигнувања ќе бидат тешко достижни.



Спонозорирани линкови

Маркетинг