Лиам Нисон најави повлекување од акционите филмови

Точка

13/09/2017

11:53

1.302

Големина на фонт

а а а

Ирскиот актер Лиам Нисон е познат по своите акциони улоги, но смета дека 65-годишен актер не може да изведува “опасни потези” и дека тоа полека станува неуверливо.

Лиам Нисон, кој е синоним за возбудливи и тензични улоги, се откажува од идните акциони улоги бидејќи смета дека тоа е неуверливо. Славниот ирски актер има 65 години, а постои шанса филмот “Mark Felt: The Man Who Brought Down the White House” да му донесе уште една номинација за Оскар. 

Нисон веќе одамна ја докажа својата актерска способност во филмовите како “Schindler’s List” и “Michael Collins”, но и во многу други акциони трилери во кои тој бил дел во последните 10 години.


Дури и самиот актер ја смета својата акциона кариера за прилично необичен случај.

“Сè уште ми нудат сериозни пари за учество во акциони филмови, но јас пробувам да им објаснам дека проклето имам 65 години”, духовито коментирал Лиам.




Спонзорирани линкови

Маркетинг