Странските инвеститори добиле 225 милиони евра, граѓаните платиле по 11 илјади евра за работник во странските компании

Макфакс

13/09/2017

11:14

2.713

Големина на фонт

а а а

Владата потрошила 225 милиони евра за 10 години на 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица. Еден вработен ја чинел државата 11 илјади евра.

Државата се откажала од 69 милиони евра ослободување од данок и царини. Не постоеле критериуми за преговарање. Преговарале советници министри и потоа ги класифицирале документите. Договорите сè уште се валидни и активни, информираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на презентацијата на „Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија период од 2007 до мај годинава".

Од тие 20 илјади вработувања не се сите нововработени. Поголемиот дел се вработени преземени од македонското стопанство. Од компаниите само 1% од набавките ги правеле од македонски компании.

Бошњаковски не знаеше колку е просечната плата на вработените во тие компании За некои компании се трошеле 1000 евра, за некои 11.000 евра немало критериуми за поделба на парите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг