Албанското собрание ја изгласа програмата на владата „Рама 2“

Макфакс

13/09/2017

11:04

149

Големина на фонт

а а а

Албанското Собрание дури денеска утрово по широката дебата со мнозинство на гласови ја изгласа Програмата на Владата „Рама 2“. За Програмата на новата влада на премиерот Еди Рама гласаа 78 пратеници додека 51 беа против.

Премиерот Рама нагласи дека интеграцијата на земјата во ЕУ, борбата против корупцијата, реформите во судството и борбата против производството и шверцот со дрога се основи на новата влада.

Опозицијата го обвини премиерот Рама, дека во првиот мандат неговата влада потфрли во целост бидејки во земјата владее криминалот, корупцијата, а владата го помага производството и шверцот со дрога.

Инаку новата влада има 14 министерства наместо 21, а премиерот нагласува дека со намалување на бројот на министерствата ќе се намалат и трошоците во Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг