Страшна смрт во срцето на вулканот: Мајка, татко и малолетно дете паднале во кратер

Точка

13/09/2017

10:35

10.700

Големина на фонт

а а а

Мајка, татко и нивниот 11-годишен син загинале откако паднале во вулкански кратер во близина на италијанскиот град Неапол, пренесуваат италијанските медиуми.

Тројцата загинати, заедно со уште еден член од нивното семејство - седумгодишно дете кое што преживеало, биле во областа Солфатаре, една од главните атракции во популарната туристичка област Кампи Флегреи на 30-тина километри источно од Неапол.

„Се уште се обидуваме да сфатиме што се случило. Тие ги прескокнале безбедносните бариери и паднале во кратерот“, изјавиле вработени во паркот Кампи Флегреи за новинарите на француската новинска агенција "AFP".

Италијанските медиуми пренесуваат дека 11-годишното момче прво паднало во кратерот откако ги прескокнало заштитните огради, а потоа во кратерот паднале и неговите родители во обидот да го спасат.


Италијанските власти веруваат дека сите загинале од вдишувањето на гасните испарувања, а за среќа се спасило само 7-годишното момче кое што останало зад оградата и подоцна било пронајдено во шок.

Кампи Флегреи е област со повеќе од 30 вулкански кратери чии што можни, ненадејни вулкански ерупции со години ги загрижуваат научниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг