Озборувањата велат дека се разведуваат родителите на Кејт Мидлтон: Се дели богатство од 42 милиони евра?

Точка

12/09/2017

23:37

6.308

Големина на фонт

а а а

Се' почесто се слушаат гласините дека бракот на родителите на Војвотката од Кембриџ, Керол и Мајкл Мидлтон е на чекор од развод. Врската на брачниот пар Мидлтон којшто се венчал во 1980-та година е затегната уште од венчавката на нивната повозрасна ќерка Кејт во 2011-та година и се чини дека сега е сосема подготвена да “пукне”.

A ако дојде до развод, тие двајца ќе мора да поделат богатство вредно 42 милиони евра, коешто го опфаќа и нивниот имот во Англија вреден 5.1 милион евра, купен пред неколку години после продажбата на нивната куќа во јужна Англија.


Тие поседуваат и компанија за декорирање “Party Pieces” којашто во 1987-та година ја купила Керол, а во којашто денес работат и двајцата. Мајкл пред да се вработи во оваа фирма бил вработен во компанијата British Airways како диспечер.

Ќерките на Мајкл и Керол, Кејт и Пипа Мидлтон, како и синот Џејмс, се многу блиски со родителите, па разводот, ако дојде до него, со сигурност ќе влијае на нив.




Спонозорирани линкови

Маркетинг