Вонредно обраќање на Александар Вучиќ: Ја поддржувам одлуката на Србите да влезат во Владата на Косово

Точка

12/09/2017

21:44

8.017

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го започна своето обраќање кон јавноста во 20 часот директно од Претседателството на Србија.

Вучиќ најави дека ќе проговори за сите важни прашања, како и за внатрешниот дијалог за Косово и Метохија.

Вучиќ потоа рече дека од месец октомври ќе започнат со нова фаза и дијалог, и дека сите се поканети да учествуваат, како и тоа дека тој дијалог треба да биде сеопфатен во повеќе нивоа и во концентрични кругови.

Тој изјави и дека треба да бидат испочитувани сите мислења, а дека дијалогот е клучен за иднината на Србија, како и тоа дека тој треба да биде одговорен и дека треба да се имаат јасно поставени цели.

Претседателот на Србија изјави и дека во дијалогот треба да бидат вклучени “сите релевантни актери” и да покажат, како што потенцирал, “почит кон оние коишто размислуваат поинаку”.

Вучиќ навел и дека ја замолил Владата на Србија да помогне во координирањето на поединечни групи, додавајќи дека разговарал за тоа со премиерката Ана Брнабиќ и дека Владата на Србија тоа и ќе го стори.

Вучиќ додал и дека во досегашниот процес повеќепати се чувствувал тешко и непријатно, но дека досега е постигнато Србите да живеат малку потолерантно за разлика од претходно.

Тој изјави и дека ја поддржува одлуката на Србите за нивен влез во Владата на Косово. Вучиќ додал и дека Харадинај за Србија останува воен злосторник, но и дека Србите не ја изгубиле можноста за да го сочуваат мирот како и своите деца.

- Ништо добро не мислиме за него. Има уште такви коишто се лидери, но нас никој не нe’ прашува кога се гласа, порача тој.

Тој додал и дека е горд на политиката на Србите на Косово и Метохија.

Александар Вучиќ потенцира и дека за прв пат од 1991-та година, албанските партии немаат мнозинство, а тоа сепак никој не сака да го забележи.

- За прв пат имаме нешто во свои раце од прогласувањето на самостојноста, изјави претседателот на Србија.

Вучиќ објасни дека на Косово и Метохија денес живеат помеѓу шест и осум отсто Срби. Или според податоците на српскиот портал Kurir, се работи за осум отсто, додека според албанските, се работи за 5.8 отсто.

- Секако не се работи за повеќе од осум отсто. Нажалост, после изгубениот конфликт со НАТО, после стравичната НАТО агресија, најголемиот број на Срби се иселија, објасни тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг