ВМРО-ДПМНЕ: Земјиштето кај Скопски саем е во приватна сопственост

Макфакс

12/09/2017

16:23

226

Големина на фонт

а а а

Локацијата за која говореше Борче Георгиевски е во приватна сопственост и сопственикот одлучува кога и што ќе гради согласно со законот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Борче Георгиевски од СДСМ, кој го нарече тотален дебакл најавуваниот проект на општинските власти на Гази Баба за изградба на град во град на едно од најатрактивните земјишта во Скопје, во рамките на Скопски саем.

„Сите обврски кои општината ги имала кон овој случај ги има исполнето навремено и согласно со закон. Општина Гази Баба за таа локација прво има донесено планска документација и со тоа беа создадени услови приватниот сопственик на предметната парцела да може да почне со постапка за одобрение за градење. По барање на приватниот инвеститор Скопски саем, Општината во 2008 година му има издадено правосилно одобрение за изградба на комерцијално-деловен објект. Во понатамошната фаза општината ниту може ниту има надлежност да учествува бидејќи станува збор за парцела која е во приватна сопственост на Скопски саем“, се вели во реакцијата.

Исто така, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за локацијата кај Скопски саем на барање на Скопски саем неколкупати се има менувано планската документација сè со цел да излезе во пресрет за полесно реализирање на проектите кои јавно беа промовирани од самиот приватен сопственик Скопски саем.

„Друг пат кога Борче Георгиевски и СДС ќе излегуваат на прес-конференции нека се информираат. Впрочем, ним инвестициите и привлекувањето на инвеститори им се најслаба страна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг