Министерството за транспорт демантира дека се стопирани проектите во Ѓорче Петров

Макфакс

12/09/2017

16:18

64

Големина на фонт

а а а

Министерството за транспорт и врски реагира на изјавите на поранешни функционери во врска со наводното стопирање на проектите во општина Ѓорче Петров.

„Сакаме да појасниме дека проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски во општина Ѓорче Петров не се стопирани.Во однос на проектот “Доизградба на канализациона мрежа во Ѓорче Петров“ сакаме да информираме дека е доставено барање за склучување на анекс кон договор за непредвидени работи. Поради закажаните локални избори, согласно законските прописи во Македонија, доставено е барање за мислење до Државната комисија за спречување на корупцијата. Врз основа на мислењето од Државната Комисија за спречување на корупцијата и Министерството за транспорт и врски ќе постапи согласно тоа.

Во однос на проектот „Изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Ѓорче Петров“, со ребалансот на буџетот на Македонија обезбедени се средства во рамките на склучениот договор и проектот се реализира согласно договорот“, стои во соопштението на ова министерство.



Спонозорирани линкови

Маркетинг