Човекот кој одбил милион долари: "Знам како да управувам со вселената, што ќе ми се пари?"

Точка

12/09/2017

16:04

8.972

Големина на фонт

а а а

Рускиот математичар Григори Перелман го шокирал светот кога во 2010. година одбил да прими награда од милион долари, откако решил една од седумте таканаречени милениумски проблеми.

Станува збор за најтешките современи математички проблеми, а решението на било кој од нив би оставило трага на многу гранки на науката. 

Перелман го открил решението на Поинкареовата претпоставка, теорија која се занимава со проблеми на повеќе димензии, а за тоа Математичкиот институт "Clay" од Масачусетс му понудил милион долари награда, која овој математички гениј не сакал да ја прифати. 

Исто така, го одбил и престижниот Филдсов медал, кој во математичкиот свет е еднаков на Оскар, пишува Guardian

За работата да биде почудна, тој во тоа време бил невработен, а соседите го опишале како неуредно облечен и ексцентричен. 

"Секогаш е во истиот капут и пантолани. Никогаш не ги крати ноктите, ни брадата. Додека оди, гледа само во земјата", рекол еден од соседите за руските медиуми. 

Со тоа морале да се задоволат, бидејќи самиот Перелман одбивал да комуницира со новинарите, дури и кога кампувале пред неговата куќа во која живее со мајка му и сестра му. 

"Ми пречите, берам печурки", му рекол кратко на новинарот кој сепак успеал да го добие на телефон. 


Одбивањето на наградите, во некои од ретките прилики кога воопшто зборувал со новинарите, ги објаснил со тоа дека "парите и славата не го интересираат и дека не сака да се гледа како животно во зоолошка градина". 

По ваквиот одговор многумина го сметале за чудак, додека една година подоцна не изјавил: 

"Јас знам како да управувам со вселената. Зошто би трчал по милион долари?".



Спонозорирани линкови

Маркетинг