Тото Волф очекува тежок викенд

КРУГ.МК

12/09/2017

15:33

209

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, предвидува тежок викенд за неговата Формула 1 екипа во пресрет на Големата награда на Сингапур.

Годинава има јасна поделеност, Мерцедес се силни на патеките кои бараат силен мотор како Силверстон, Спа и Монца, додека Ферари доминира на бавните патеки кои бараат многу потисна сила како Монако и Хунгароринг.

За волја на вистината, Мерцедес победи во Сингапур во 2014 и 2016 година, но победата беше многу тешка во сезони во кои “сребрените“ немаа достојна конкуренција газејќи се пред себе. Во 2015 година Ферарито на Себастијан Ветел беше најбрзо.

„Во минатото Сингапур не беше најдобра трка за нас, така што лани бевме воодушевени што победивме по тешкото издание во 2015 година.

Гледаме годинава дека бавните патеки полни со кривини им одговараат на Ред Бул и Ферари, а брзите на нашиот болид. Не мислам дека тоа е некаква шема која не може да се промени, се работи за разбирање на болидот, колку повеќе возите толку повеќе учите за него. Сепак очекувам многу потежок викенд за нас од Монца или Спа поради карактеристиките на патеката, но ќе се обидеме да разбереме колку што може повеќе“, објасни Волф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг