Може ли овој лаптоп на Xiaomi да му биде конкурент на MacBook Pro на Apple?

Точка

12/09/2017

16:30

807

Големина на фонт

а а а

Кинеската компанија Xiaomi на пазарот за лаптоп компјутери влезе со својот лаптоп Mi Notebook Air кој што е дизајниран да му биде конкуренција на MacBook Pro на Apple.

Очигледно е дека оваа година кинеската компанија Xiaomi посебно се фокусирала околу тоа да произведе лаптоп кој што би му бил реална конкуренција на адутот на американски Apple, па деновиве беше претставен Mi Notebook Pro.

Станува збор за лаптоп со екран од 15,6 инчи со прилично тенки рабови, работи на најновиот процесор на Интел - i7 со четири јадра, располага со 16 GB RAM меморија и до 1 TB SSD меморија, а за графиката е задолжена графичката картичка Nvidia GeForce MX150.


Во прилично прецизниот тракпад е вграден и сензор за отпечатоци на прсти, потоа тука е и 3 in 1 читачот на картички, два USB-C портови, два стандардни USB и еден HDMI порт.

Од Xiaomi велат дека станува збор за разновидна мешавина на портови во однос на опциите кои што ги нуди MacBook Pro на Apple кој што поседува „само“ четири Thunderbolt 3 USB-C портови.


Цената на основниот модел на Mi Notebook Pro ќе изнесува 980 долари, меѓутоа се уште не е познато дали лаптопот ќе биде пуштен во продажба надвор од кинескиот пазар.




Спонозорирани линкови

Маркетинг