"Hangover" во вистински живот: Славел ергенска вечер, па ја препливал браната Хувер, а преживеал поради една причина

Точка

12/09/2017

14:59

13.011

Големина на фонт

а а а

Британецот во рамките на прославата на ергенската вечер прв го препливал акумулациското езеро на познатата брана Хувер.

28-годишниот Арон Хјуз од Велс, бил казнет од полицијата откако ја препливал опасната водена граница меѓу Аризона и Невада, пишува Daily Mail


Браната Хувер е широка 221 метар, а максималната висина и изнесува 379 метри. Се протега преку Црниот Кањон на реката Колорадо во близина на Лас Вегас. Минатите десет години во нејзина близина загинале 275 луѓе. Хјуз и сам признава дека единствена причина поради која преживеал е тоа што девет од десет хидроелектрични турбини биле исклучени. 


Додал дека не знаел колку алкохол имал во себе, но дека на пливање го навело пиењето. 

"Сите уживавме во пивото. Десетмина славевме ергенска вечер, а јас никогаш не сум бил во Вегас. Цела седмица не престанавме да пиеме, а јас само сакав да го искористам тоа најмногу што можам", објаснил Хјуз. 


"Одлучивме да одиме да ја видиме браната Хувер, и додека се возевме мојот пријател и јас седнавме во задниот дел од камионетот. Беше како во печка, живи се печевме. По неколку дена пиење, одлучив да пливам. Планот беше само малку да влезам, но на крајот помислив, еднаш се живее - би можел да го направам тоа. Водата те турка кон ѕидот, па мора навистина силно да пливаш. Ми требаше околу половина час и не смеев да застанам. Полицајците беа шокирани. Не знаев дека станува збор за прекршок. Немаше знаци кои забрануваат пливање", рекол тој. 


Хјуз бил одведен во станица со лисици на рацете, а потоа и казнет со 250 долари.



Спонозорирани линкови

Маркетинг