Пекол во елитното туристичко место кое што беше погодено од Ирма: Луѓето на улиците излегуваат со мачети и се тепаат за храна, туристите бегаат!

Точка

12/09/2017

16:03

9.202

Големина на фонт

а а а

Гладните жители на островот Свети Мартин кој што беше погоден од моќниот ураган Ирма буквално се борат меѓусебе за храна.

Жителите на островот на улиците буквално се борат за последните залихи на храна откако беше потрошен најголемиот дел од залихите после „ударот“ на ураганот Ирма. Се појавиле извештаи и за појава на вооружени банди кои што го користат целиот хаос за да ги ограбуваат домовите на богатите.

Во меѓувреме, туристите се евакуираат од островот и за многумина, огромно олеснување е тоа што можат да го напуштат островот кој што практично претрпе библиско уништување откако беше погоден од најмоќниот ураган на Атлантикот во историјата на мерењето.


Британските медиуми пренесуваат дека некои од туристите морале да се бранат со мачети од вооружените криминалци, а еден војник открил дека на секои десет минути се апси по еден криминалец.

Жител на островот - Жак Карбониер, изјавил дека на островот веќе нема воопшто храна и дека луѓето сега се борат за остатоците. Ова го изјавила и 70-годишната Германиа Перез која што за британските медиуми порачала дека на островот нема ниту храна, ниту вода за пиење.


Помош за погодениот остров пристигнува од холандската и француската влада, другите земји и приватните хуманитарни организации. Францускиот воен брод со намирници би требало да пристигне во текот на денешниот ден, а денес се очекува островот да го посети и францускиот претседател Емануел Макрон.

44-годишната службеничка во локалното пристаниште, Делани Керциус го преживеала ураганот во хотел кој што веќе бил евакуиран откако ураганот ги скршил прозорците. Таа пронашла уште еден хотел, но и од него морала да си замине со својата 17-годишна ќерка.


„Ќе дадам се од себе, но немам каде да ја минам оваа ноќ“, рекла таа и додала дека нејзиниот дом нема покрив, а веќе сите домови на нејзините пријатели се преполни со луѓе.

Опишувајќи ги апокалиптичните сцени на островот Свети Мартин, еден турист открил дека цел ден немало ниту храна, ниту вода за пиење: „Звуците беа апокалиптични, сето ова наликуваше на воена зона. Во собите имаше глувци кои што исто така бараа храна“, раскажува тој и додава дека како што паѓа ноќта, жителите се кријат во страв од агресивните кучиња и разбојниците.




Спонозорирани линкови

Маркетинг