Жена најдена обесена со електричен кабел

Нетпрес

12/09/2017

14:10

313

Големина на фонт

а а а

Во полициската станица Чаир, од страна на Итна медицинска помош вчера било пријавено дека по пријава за интервенција на улицата „Индира Ганди“ во двор од куќа, од страна на лекар била констатирана смрт врз 57-годишна жена.

Поради констатираните повреди на вратот, докторот не можел да се произнесе дали се работи за природна смрт кај жената идентификувана со иницијалите З.С. Од страна на членови на семејството, телото на починатата било однесено во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Од извршениот разговор со сопругот и синот на починатата, било утврдено дека истата подолго време имала психички проблеми и од тие причини неколку пати се лекувала во Психијатриска болница. Околу 16 часот сопругот кога влегол во помошниот објект кој се наоѓал во непосредна близина на куќата, ја пронашол З.С. обесена со електричен кабел врзан на греда.

Заедно со синот успеале да ја симнат, меѓутоа кога докторот од Итна медицинска помош констатирал смрт, го зеле телото и го однеле во Градската општа болница „8-ми Септември“.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција, а од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг