Македонски основец меѓу првопласираните на престижен интернационален натпревар по геометрија

Макфакс

12/09/2017

12:15

232

Големина на фонт

а а а

Младиот и талентиран математички гениј Блаже Суклевски, кој е осмоодделенец во ОУ „Тихомир Милошевски“, е првопласиран од Р.Македонија кој чествувaше на најпрестижниот интернационален натпревар од областа на геометријата Иранска геометриска олимпијада – ИГО.

За Македонија натпреварот се одржа на Машински факултет во Скопје каде што беше придружуван од неговиот ментор, професорката Анкица Спасова.

„Нашиот математичар Блаже Суклевски влезе во најтесниот избор на светско ниво за златен, сребрен или бронзен медал. Резултатите ќе бидат проследени до интернационалната комисијата за прегледување во Иран и по еден месец ќе бидеме известени за истите“, истакна неговата менторка Анкица Спасова.

На натпреварот во Иран учествуваа најдобрите математичари од 44 држави во светот, од што може да се согледаат придобивките за ученикот, менторот, училиштето, општината и државата, кои сите во целина се промовираат од ваквите наши македонски таленти.



Спонозорирани линкови

Маркетинг