Трамп и Ердоган сакаат да ги поправат тензичните односи помеѓу САД и Турција

Точка

12/09/2017

11:01

604

Големина на фонт

а а а

Американскиот и турскиот претседател имаат намера да ги поправат односите помеѓу двете земји кои што се влошија посебно после воениот удар во Турција минатата година.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган разговарале телефонски во текот на минатиот викенд и се договориле дека треба да започнат со процес на зајакнување на односите помеѓу Вашингтон и Анкара.

Телефонскиот разговор доаѓа во периодот откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ги нападна американските власти поради подигањето на обвинението против турските поранешни министри поради нивното наводно намерно заобиколување на санкциите против Иран.


Односите помеѓу Соединетите Американски Држави се напнати веќе подолго време, посебно поради ситуацијата во Сирија, односно поради тоа што Американците силно ги поддржуваат курдските YPG борци кои што Турција ги смета дека се огранок на Работничката партија на Курдистан и се терористичка организација.

Понатаму, Турција исто така е фрустрирана поради тоа што американските власти одбиваат да им го испорачаат Фетулах Ѓулен, турскиот проповедник кој што живее во САД. Турските власти го гонат Ѓулен затоа што сметаат дека тој е одговорен за организацијата на воениот удар кој што се случи во јули минатата година.


Во меѓувреме, Турција започна да се приближува кон Москва, а откако Ердоган и Путин ги поправија односите, најверојатно Турција сега ќе потроши милијарди за купување на рускиот против-ракетен систем „С-400 Триумф“.

Поради тоа, САД мора да реагира, па стратешкото партнерство помеѓу двете земји се чини дека е во најголем интерес и за САД и за Турција. Поради тоа, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган договориле нивен состанок идниот месец во Њујорк за време на одржувањето на Генералното собрание на Обединетите нации.



Спонозорирани линкови

Маркетинг