Големото солено езеро: Ова е вистинско чудо на природата на коешто постојано му се менува големината

Точка

11/09/2017

19:42

3.820

Големина на фонт

а а а

Во нијанси на црвената, портокаловата, виолетовата и розовата боја на сонцето коешто заоѓа, се менуваат и боите на тиркизните води на Големото солено езеро во Јута, едно од најпопуларните туристички атракции во САД.

Големото солено езеро претставува најголемо природно солено езеро во западната хемисфера и како такво е едно од најсолените во светот. Моментално е долго околу 120 километри, а широко 56 километри.

Но, неговата големина постојано се менува откако за прв пат биле направени мерења во 1849-та година, а знае да ја менува големината и за полни 24 километри. Тоа пред се' зависи од испарувањата и неговите притоки.

Реките Bear, Weber и Jordan, коишто се вливаат во Големото солено езерo, постојано таложат 1.1 милион тони различни соли, а поради големата концентрација на сол, во него нема многу растителен и животински свет. Некои видови на алги успеваат да преживеат, а со нив пак се хранат мали ракчиња.


Соленоста на ова езеро изнесува 12 отсто, што значи дека е посолено и од океанските води. Иако во самото езеро нема многу живот, околу него е и повеќе од живописно. Бизони, антилопи, елени, којоти, рисови, а и бројни птици кои надлетуваат над неговите води.


Големото солено езеро е најголем остаток од праисториското слатководно езеро Bonneville, a терасестиот предел којшто се формира околу езерото е доказ за старото минато. Терасите настанале со еродирање на брановите.


Најблизок голем град до ова езеро е познатиот Солт Лејк Сити, а низ средината на езерото минува 48-километри долг железнички насип. На западниот дел на езерото, Bonneville Salt Flats, се одржуваат и светски познате автомобилски трки.


За капачите пак најомилена е плажата Bridger Bay, којашто важи за најубава на целото езеро. Таа е долга 3 километри и има бел песок. А она што ги привлекува капачите во водите е тоа што апсолутно не постои шанса да се потоне.

Освен капење, на езерото може и да пловите, кајакарите, а околу него може пак да водите велосипед или да уживате во околните планинарски рути и видиковци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг