Забранет рај: Остров на кој живеат 250 луѓе без автомобили и мобилни телефони

Точка

11/09/2017

13:18

9.138

Големина на фонт

а а а

На прв поглед, островот Нихау може да делува како идеално место за одмор. Ова е најмалиот населен остров во Хавајскиот регион, а се простира на 179 квадратни километри на западниот брег на Кауаи.

Во овој тропски рај, опкружен со Тихиот океан, температурите во текот на целата година се помеѓу 20 и 30 степени Целзиусови, а плажите се преполни со ретки школки. 


Но, за жал, овој остров ретко кој може да го посети. Островот Нихау уште се нарекува и “забранет остров” бидејќи е во приватна сопственост, а до него можат да стигнат само оние кои се поканети.

Кралот Камехамеха го продал Нихау во 1863. година на Елизабет Синклер за 10 илјади американски долари, а нејзините наследници – фамилијата Робинсон – управуваат со островот повеќе од стотина години.


Коњите и велосипедите се единствено превозно средство

Според пописот во 2009. година, на островот живеат околу 130 луѓе, но се претпоставува дека бројката во меѓувреме пораснала на 250 поединци кои го поминуваат својот живот, оддалечени од модерниот свет без плаќање на наемнина.

На островот нема изградени патишта, хотели ниту супермаркети. Еднаш неделно, на Нихау пристигнува брод кој ги доставува потребните намирници, а во случај на опасност, на располагање им стои хеликоптерот на сопствениците. Коњите и велосипедите се единствените транспортни средства на островот.


Жителите на Нихау немаат мобилни телефони, а електричната енергија ја добиваат преку соларни панели.

Сопствениците сакаат да ја одржат хавајската култура, а тоа е единствениот остров на Хаваите на кој ретко се зборува англиски јазик.

Опасности од воздухот

На островот се живее мирно и без големи драми – барем така било сè до 7. декември 1941. година, кога по нападот на Перл Харбор, на Нихау се срушил јапонски авион.

Во падот преживеал јапонскиот пилот Шигенори Нишикаичи, кој бил подоцна спречен во понатамошни криминални активности.


На островот доминира сув терен, кој локалните жители го користат за одгледување на стока. Секое домаќинство има мала градина на која одгледуваат разни плодови.

Нихау е дом и на хавајската фока-мечка, а на островот секоја година се раѓаат 10 до 12 младенчиња од овој загрозен вид на животно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг