Германците ја покажаа иднината на автомобилската индустрија: Поврзаа автомобил со „паметен“ дом

Точка

07/09/2017

16:03

2.247

Големина на фонт

а а а

Соработката на Фолксфаген и Дојче Телеком резултираше со имплементација на нови функции за далечинска контрола на автомобилот, а овој пат не станува збор за поврзување на возилото со паметен телефон, туку со паметен дом.

Овогодишниот Саем за електроника во Берлин им послужи на Фолксваген и Дојче Телеком да го презентираат нивното решение за чекор кон иднината, па така посетителите кои што имаа прилика да влезат во Е-Голф, имаа прилика да си поиграат со функциите во еден паметен дом, директно преку автомобилот.

Благодарение на оваа германска технологија, возачот ќе може да ја подеси температурата во својот дом пред да пристигне дома, да го деактивира алармот, да ги вклучи светлата и уште многу други функции.


За наведеното потребно е корисникот да поседува телефон кој што работи на оперативен систем Андроид, а потребна е и MirrorLink технологијата, како и Car-Net App Connect.

Пристапот до Smart Home апликацијата на Дојче Телеком потоа му овозможува на корисникот преку автомобилот да ги контролира електричните уреди (секако, доколку тие располагаат со таква функција), па потоа да се подесуваат нивните функции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг