Принцеза на стилот: Џенифер Лоренс блескала во совршениот фустан на Диор

Точка

07/09/2017

13:09

4.540

Големина на фонт

а а а

Иако нејзиното последно филмско остварување предизвикало различни реакции, на црвениот тепих критичарите беа едногласни.

Заедно со своите колеги Мишел Фајфер и Хавиер Барден, слатката 27-годишна актерка присуствувала на 76-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција, на премиерата на филмот “Mother”, кој предизвика поделени мислења. 

Но, целото внимание падна кон преубавата Лоренс, која носела балски фустан на прерамки со богато здолниште од тул и цветен принт кој најмногу го красел корсетот на креацијата. Во комбинација со волшебниот фустан, Лоренс одбрала впечатливи висечки обетки, нежен ѓердан и прстен, што допринеле за максимално истакнување на елеганцијата.


Кога е во прашање шминката, актерката никогаш не изгледа пренападно, па така и овојпат се одлучила за “зачадени очи” и на тој начин ги истакнала своите зелени очи во прв план.



Спонзорирани линкови

Маркетинг