Албански новинар се обиде да го испровоцира Шакири, поранешниот капитен на Македонија одговори во голем стил

Дерби

05/09/2017

14:27

18.370

Големина на фонт

а а а

Артим Шакири засекогаш ќе остане запаметен од македонската спортска јавност поради борбениот дух и феноменалните партии кои ги прикажуваше како член на најсилниот состав на македонската фудбалска репрезентација, а сега поранешниот капитен се најде во центарот на вниманието и поради едно ексклузивно интервју кое го даде пред вечерашниот меч меѓу Македонија и Албанија.

Избраниците на Игор Ангеловски оваа вечер во Струмица ќе имаат шанса да се реваншираат за несреќниот пораз на стартот на квалификациите за Светското првенство во Русија, а бидејќи овој дуел носи посебни страсти и мотивации на двете страни, едно доста провокативно прашање доби Шакири во интервјуто за албанскиот портал „Панорама“.


Новинарот побарал од Шакири да избере една страна во пресрет на вечерашната пресметка која се игра во Македонија, а играчот кој одигра 75 натпревари за националниот дрес на „црвено-жолтите“ уште еднаш потврди колку многу ја почитува земјата која му овозможи фудбалски да се развие.

– Не ме ставајте во непријатности. Јас сум Албанец, но не може да се побие фактот дека одиграв 75 натпревари со македонската фудбалска репрезентација која многу ја почитувам. Како најпрво пред сè, не сакам да има инциденти на овој натпревар. Навредите да останат на страна, да се насочиме само на фудбалот, – гласи одговорот на Шакири кој додал дека забележал голем напредок во Македонија на мечот со Израел.


– Мислев дека и нерешено ќе биде добар резултат за Македонија, но сепак Македонија победи поради свои заслуги. За разлика од претходните натпревари во групата, Македонија против Израел покажа високо ниво во текот на целиот меч. Со таа победа, тие дополнително добија на морал и мотивација пред мечот со Албанија. Сите знаеме дека Македонија со посебно внимание ќе влезе во овој дуел, – додал играчот кој свовремено ја носеше капитенската лента на нашата селекција.



Спонозорирани линкови

Маркетинг