Срби во посета на Ким Јонг Ун: Северна Кореја нè дочека со раширени раце!

Точка

04/09/2017

12:42

13.862

Големина на фонт

а а а

Во турата која за првпат е организирана од Србија учествувале 11 српски државјани, а тие откриваат колку приказните за репресијата се вистина и што навистина смеете да правите во Северна Кореја.

За првпат во поновата историја, една група на српски туристи овој месец ја посетија најизолираната земја на светот. Северна Кореја, или официјално Демократска Народна Република Кореја, со која суверено владее Ким Јонг Ун, ги дочекала Србите со раширени раце, но без Интернет и со ригорозни проверки и забрани за движење. 


Во оваа тура учествувале 11 Срби, а тие се организирале исклучиво преку локалните туристички агенции, бидејќи не постои можност сами да ја посетат оваа држава.

“Тие прават детална проверка на сите кои доаѓаат во посета, кои сте и каде работите, а на новинарите им е строго забранет влезот. Професионалните камери се исто така забранети, а при влез и излез од земјата, цариниците имаат право да го прегледаат не само вашиот багаж и документи, туку и фотографиите и снимките во вашиот телефон, така што се препорачува да избришете сè што може да биде проблематично. Но, нам никој не ни ги проверуваше телефоните”, вели Филип Милосављевиќ, долгогодишен туристички водич, чија специјализација му се токму необичните дестинации:

“Постои еден многу луксузен хотел во кој им е дозволен престој на странците, но излегувањето од истиот во вечерните часови не е препорачливо. Никој нема да ви забрани ништо, но честопати ќе ве посоветуваат да не “излегувате сами бидејќи можете да изгледате сомнително, а со тоа може да и завршите во полициска станица”, вели тој.


Тие велат дека Корејците не знаат многу за Србија, но сепак се сеќаваат на Југославија, додека во мавзолејот во кој се наоѓаат гробовите на вечните водачи и основачи на државата - Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ил, се наоѓа портрет од Тито и ордените кои ги разменувале тие.

“Пјонгјанг е исклучително чист и среден град со широки булевари, но не можете да забележите многу автомобили по улиците. Тие премногу вложуваат во младите, образованието, уметноста и науката. Посетивме многу барови, ресторани, но и фабрики и фарми. Бевме и во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи. Навлеговме во внатрешноста на земјата и никаде не стекнавме впечаток дека Корејците се гладни. Луѓето не делуваат сиромашно, сите се пристојно облечени во нивната локална облека. Интернетот постои, но е прескап и бавен”.

Милосављевиќ вели дека Корејците сметаат дека го имаат најдоброто пиво во светот, а како исклучително квалитетен пијалок се смета и ракијата од жен-шен, лековита билка од која се произведуваат и многу козметички препарати.


На странците им е забрането користењето на локалната валута

Севернокорејскиот вон е официјална валута која им е забранета на странците. Групата српски туристи ги користеле севернокорејските пари за потребите во локалните маркети, но сите преостанати банкноти морале да ги вратат. Севернокорејската валута е најстрого забранета за изнесување од земјата. За посетителите се печатат различни банкноти, и тоа два типа: во црвена боја за посетителите од социјалистичките држави и сино-зелени за оние од капиталистичките земји.

Кој ќе го наследи големиот лидер – Ким Јонг Ун ќе живее вечно

Туристичките водичи може да ги прашате само одредени работи.

“Девојката која нѝ беше водич, селективно одговараше на прашањата и понекогаш се правеше дека не нè слуша. На баналните прашања како што се колку години или деца има лидерот Ким Јонг Ун, одговараше дека не знае. На прашањето кој ќе го наследи вели дека сите се надеваат дека тој ќе живее вечно. Пропагандниот материјал е насекаде, а весниците на кои се наоѓа фотографија од вечниот лидер не смеете да ја уништувате или да истурите вода врз неа”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг