Мурињо сака уште едно засилување...

Точка

17/08/2017

16:17

927

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо има намера до крајот на летниот преоден рок да ангажира уште еден фудбалер.

Ова лето Манчестер Јунајтед на засилувања потроши 160 милиони евра - На „Олд Трафорд“ пристигнаа Ромелу Лукаку од Евертон, Немања Матиќ од Челси и Виктор Линделоф од Бенфика, а како што пренесуваат англиските медиуми, до крајот на летниот преоден рок во Јунајтед би можел да пристигне уште еден фудбалер.

Откако очигледно, доведувањето на Перишиќ стана невозможна мисија, Мурињо и натаму инсистирал за крилен напаѓач, па можно е Јунајтед да се обиде во следниот период да го доведе Аријен Робен.

Робен влегува во последната година од неговиот договор со Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед може да го добие по релативно поволна цена - пред се затоа што има 33 години и минатата сезона не блескаше како во своите најдобри години. Да потсетиме, Холанѓанецот се пресели во Баерн во 2009-та година, а додека беше фудбалер на Челси соработуваше со Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг