ПСЖ објави ,,скокотлива” фотографија: ,,Тој останува, ама на крај слатко им се изнасмеа”

Дерби

17/08/2017

13:13

891

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид наиде на доста разнишана Барселона, како што тоа беше случајот и пред три дена на „Камп Ноу“ кога славеше со 1:3. Сега, ,,мадриѓаните” прикажаa уште побрилијатнa игра победувајќи ја Барселона со 2:0, пред официјалниот старт на новата натпреварувачка сезона во Примера.

На натпреварот, навивачите на Реал Мадрид постојано, без престан навиваа кон Пике со зборовите (“Se queda”) што значи ,,останува”. Тоа се однесуваше на фотографијата на која Пике ја постави на социјалните мрежи заедно со Нејмар, на која напиша ,,Тој останува“. После тоа, Нејмар замина во ПСЖ за рекорден трансфер вреден 222 милиони евра.

Овој пат, не остана должен, а да не се јави и новиот клуб на Нејмар, ПСЖ кој на социјалните мрежи во текот на одигрувањето на натпреварот постави слика како фудблерот слатко се смее, алудирајќи на резултатот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг