Таткото на камиказите: Илјадници ги пратил во смрт и на крајот ритуално се самоубил

Точка

17/08/2017

11:17

4.691

Големина на фонт

а а а

На денешен ден 1945. Адмиралот 'Takijirō Ōnishi', таткото на камиказите извршил ритуално самоубиство. Во прошталната порака напишал дека во својот живот во смрт испратил околу 4.000 пилоти.

На денешен ден 1945. Адмиралот 'Takijirō Ōnishi', таткото на камиказите извршил ритуално самоубиство. Во прошталната порака напишал дека во својот живот во смрт испратил околу 4.000 пилоти.

Вицеадмиралот Takijirō Ōnishi (53), заповедник I. на морнарската воздушна флота и еден од адмиралите кои уживале висок углед во тие кругови, на денешен ден извршил ритуално самоубистсво (сеппуку). Пред самиот чин ги повикал сите млади луѓе на обновата на Јапонија и неговата порака гласела да има мир меѓу народите. Исто така во своето проштално писмо напишал дека дури 4.000 пилоти ги пратил во смрт.


За дополнително неговата порака да биде помоќна тој не користел 'kaishakunin' (асистент кој по сечењето на утробата ќе му ја отсече главата), поради што умирал во тешки маки, дури 15 часа.

Жртва за царот

Имено, во Јапонија камиказите за прв пат започнале да се појавуваат дури кон крајот на војната, во 1944 година. Истата година тие заклучиле дека повеќе не се во состојба да ја запрат американската бојска која започнала многу да напредува.

Нивната ситуација била безизлезна. Бројот на искусни пилоти драстично се намалил, а испораката на нови авиони не била навремена. Адмиралот Ониши се залагал за двојно зголемување на бројот на пилоти кои морале драстично да ја променат политиката на војување кон САД. Неговата идеа била да пронајде пилоти кои што ќе се жртвуваат за царот, односно доброволно да го дадат својот живот. Целта била на тој начин Американците да ги натераат да се повлечат.


Моравме да ги пратиме нашите 'zeroe' (тип на јапонски авион - ловец) полни со експлозив во самоубиствена мисија кон непријателските мети - бил неговиот предлог. Воениот врв го прифатил овој предлог. Неговата идеа започнала да се реализира па таканаречените авиони 'Mitsubishi A6 Zero' ги опремиле со бомби со тежина од 250 килограми. Задачата на пилотот била да таквиот авион го сруши во носач на авиони.

Тој убил околу 5.000 американски морнари

Првиот успешен напад на камиказа (јап. божествен ветер) бил извршен на 25 ноември 1944. кога неколку десетици авиони 'Zero' нападнале американски носачи на авиони. Нападот бил изведен од страна на 201 воздухопловна морнарка дивизија под водство на Ониши, а во тој напад биле потопени 11, а оштетени 89 бродови.


До крајот на војната 3.862 јапонски млади пилоти се обидувале да се судрат или се судриле со бројни американски воени бродови и притоа убиле 5.000 американски морнари.

Најмногу камикази, околу 2.000, загинале од април до јуни во 1945. во борбата за Окинава.

Мечот со кој 'Takijirō Ōnishi' извршил самоубиство се чува во воениот музеј во Токио. Неговата пепел се наоѓа на две места. Дел е во храмот во Јокохама, а дел на јавните гробишта во поранешното село Ашида.




Спонозорирани линкови

Маркетинг